ВИДЕО: Машинеријата на Италиано во Болоња го проголта Лацио

Екипата на Болоња демонстрира сила и со убедлива победа над Лацио (5-0) го прескокна Јувентус на табелата и застана на четвртото место во Серија А.

Домаќинот предводен од тренерот Винченцо Италиано го одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона во калчото и му одржа фудбалска лекција на ривалот за место во евро-куповите по крајот на сезоната во италијанскиот фудбал.

Првото полувреме не најавуваше дебакл на Лацио, затоа што Болоња имаше само 1-0 со голот на Одгард. Сепак, два брзи гола на Орсолини и Ндоје во 48. и 49. минута го нокаутираа ривалот, па следеа нови на Кастро и Фабијан, за комплетен нокаут на „небесно-сините“.

  • Извештај од натпреварот:

Болоња има 53 бода и е на четвртото место во Серија А, додека Лацио е шести со 51 бод. За Лацијалите ова беше прв пораз во шампионатот во последните седум одиграни кола.

Состави

Винченцо Италиано

4-2-3-1

    Marco Baroni

    4-2-3-1