Астон Вила и Виљареал постигнале договор за трансфер на Пау Торес, што ќе биде рекорден за двата клуба. За првпат во историјата англискиот клуб изброил 40 милиони евра, со многу веројатно уште пет милиони во иста валута како бонус, за купување на еден фудбалер, а шпанската екипа пак за првпат од нејзиното основање ќе заработи толкава сума.