Депортиво Ла Коруња ги враќа спомените од најдобриот период на клубот, од пред 15-20 години, и вчера попладне успеа да ремизира на теренот на Барселона (2-2), иако губеше со 2-0. Напаѓачот Лукас Перез постигна еден од двата голоа за својот тим, и на тој начин се приближи до клупскиот рекорд на Бразилецот Бебето, по бројот на последователни натпревари со постигнат гол.