Ѕвездата на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, без „влакна на јазикот“ зборуваше за актуелниот формат на шпанскиот Суперкуп и идејата да се играат вкупно три натпревари во далечната Саудиска Арабија.
Фудбалерите на Атлетик Билбао попладнево се соочија со лутиот баскиски ривал, Реал Сосиедад и успеаја да слават сигурна победа со резултат 2-0. Натпреварот се одигра во рамките на 29. коло од Примера, а домашниот состав сосема заслужено запиша три бода.
Фудбалската вест на денот во Шпанија не е некое изненадување или пак спектакуларен гол, туку дека Ињаки Вилијамс нема да настапи на натпреварот на Атлетик Билбао против Селта.
Ињаки Вилијамс е вистински феномен на европскиот фудбал. Напаѓачот на Атлетик Билбао на мечот со Атлетико Мадрид го запиша 200-от натпревар во низа во шпанска Примера.
За првпат по пет години Барселона нема да игра финале на Купот на Кралот. Во драматичен дуел на „Сан Мамеш“, Атлетик Билбао ја совлада Барса со 1-0 (0-0) и најтрофејната екипа од натпреварувањето е елиминирана.
Во последниот ден од преодниот рок во Премиер лигата наголемо се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед ќе ја активира откупната клаузула на првата ѕвезда на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, која изнесуваше 80 милиони евра, но до тоа не дојде.
Во третиот денешен натпревар од 28. коло во Примера, фудбалерите на Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ го совладаа Атлетико Мадрид со 2-0 (0-0) и уште повеќе ја продлабочија кризата на тимот на Диего Симеоне, која започна со елиминацијата од Јувентус во Лигата на шампионите.
Лошата форма од декември, фудбалерите на Севиља ја пренесоа и во новата година и продолжија да редат неуспеси во Примера. Денес беа поразени на „Сан Мамеш“ кај Атлетик Билбао, кој со два гола обезбеди три бода во 19. коло (2-0).
Во дерби натпреварот на 12. коло во Примера, фудбалерите на Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“, со гол во 91. минута славеa победа против Атлетик Билбао со 3-2 (0-1).
Фудбалерот кого го бараа многу големи екипи од Европа, потпиша нов договор со Атлетик Билбао. Се работи за Ињаки Вилијамс, кој ја продолжи соработката со Bаскијците до 2025 година.
Томас Тухел, тренерот на Борусија Дортмунд веќе ја пронајде замената за Пјер Емерик Обамејанг, ако Африканецот во јуни го напушти бундеслигашот. Борусија Дортмунд преговара за трансфер на Ињаки Вилијамс од екипата на Атлетик Билбао.
По 28 минути од првиот меч од осминафиналето на Купот на Кралот, Атлетик Билбао води против Барселона со 2-0. Најнапред резултатот го отвори ветеранот Ариц Адуриз. На голот му претходеше убава асистенција на Раул Гарсија и завршница со глава на Адуриз на втора статива.
Во последниот денешен натпревар од 32. коло во Примера фудбалерите на Атлетик Билбао славеа минимална победа на својот „Сан Мамеш“ над Рајо Ваљекано со 1-0 (0-0).