Фудбалерите на ПСЖ ќе играат во финалето на Купот на Франција, откако на домашен терен славеа убедлива победа од 5-0 (2-0) против Монако, кој на денешниот натпревар буквално настапи со резервниот тим. Тренерот Жардим на полуфиналeто од Купот, пред сè поради дуелот со Јувентус во Лигата на шампионите и завршницата на францускиот шампионат, се одлучи да ги одмора своите први ѕвезди.