Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани беше првиот фудбалер од најсилните лиги кој беше тестиран како позитивен на вирусот ковид-19. Поради него во изолација беа испратени играчите на Јувентус, Интер, но и официјалните лица кои го судеа „Дерби Д' Италија“.