Еден од двата дерби дуелит на колото во Премиер лигата се игра во Лондон, а таму Тотенхем го дочека Манчестер Јунајтед. Првото полувреме не понуди погодоци, па најинтересен момент беше една спорна ситуација. Имено, младиот Гарначо упати шут од работ на шеснаесетникот, а истиот го блокира Кристијан Ромеро и тоа со рака.