Талентираниот француски стопер Лени Јоро во последните 48 часа беше под голем притисок од неговиот клуб Лил да замине во Манчестер Јунајтед, клуб со кој Лил постигна договор за трансфер. Тој одби да замине на „Олд Трафорд“, чекајќи преселба од Реал Мадрид, но тоа не се случи и младиот играч на крајот попушти и замина на Островот.