ХНЛ „Потрес“ во Хрватска: Динамо Загреб ѝ го украде тренерот на Ријека! 21 август 2023, 20:03 Динамо Загреб многу бргу пронајде замена за тренерот Игор Бишчан, кој доби отказ по неуспешната одисеја во Лигата на шампионите. „Модрите“ испаднаа од елитата откако загубија во двомечот со АЕК од Атина, а „жртвата“ беше токму предводникот на тимот.