Екипата на Академија Пандев промовира две искусни имиња за започнатата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Европскиот пат на струмичани заврши бргу, па сега можат да се насочат само кон првенството, а потоа и Купот на Македонија. Две нови имиња во таборот на „пандевци“ се Мите Цикарски и Бојан Најденов.