Канаваро ги спакува куферите: Адеми и Ристовски добиваат четврти тренер сезонава

Фабио Канаваро не е повеќе тренер на Динамо Загреб, потврди хрватскиот фудбалски гигант. По вчерашната изјава на претседателот Велимир Зајец, кој рече дека Канаваро ќе го води тимот против Осиек, се очекуваше на Италијанецот да добие уште една шанса за да ги среди работите со Динамо, но тоа не е така..

„Италијанскиот стратег Фабио Канаваро од оваа среда повеќе не е тренер на првиот тим на Динамо, тој беше на клупата на клубот Максимир нешто повеќе од три месеци и ги предводеше „сините“ на 14 натпреварувачки и три пријателски натпревари“, стои во објавата на клубот.

Канаваро на клупата на Динамо беше неполни три и пол месеци, поточно од крајот на декември кога го замени Ненад Бјелица.  Динамо го отпушти третиот тренер оваа сезона. Сезоната 2024/25. Ја почна со Сергеј Јакировиќ, потоа во септември беше заменет со Ненад Бјелица, а на 29 декември минатата година го наследи Канаваро. Кој ќе биде новиот тренер на Динамо наскоро ќе се дознае.