Екипата на Рома успеа барем за момент да ја прекине низата лоши резултати и славеше победа со убедливи 4-1 (3-0) против Сампдорија во осминафиналето од Купот на Италија.
Екипата на Јувентус барем за момент ја прекина тензичната атмосфера кај своите навивачи и славеше со убедливи 4-0 (1-0) над Каљари во осминафиналето од Купот на Италија.
Фудбалерите на Лацио се радуваа на победа во осминафиналето на Копа Италија, елиминирајќи го Наполи со 3-1 (2-1). Средбата на „Олимпико“ во Рим понуди многу возбудувања и предизвика радост за домашната публика, а лацијалите се пласираа меѓу осумте најдобри.
Фудбалерите на Емполи се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, откако по подоброто изведување пенали го елиминираа тимот на Фиорентина. Во регуларниот дел од натпреварот беше 2-2, а по пеналите повеќе среќа имаа гостите (5-6).
Ако во шампионатот игра променливо и заостанување зад лидерот Наполи, Милан е многу подобар од Куп-натпреварувањата. Екипата на Пауло Фонсека се пласира во четвртфиналето на Копа Италија, откако до врв ја наполни мрежата на второлигашот Сасуоло (6-1).
Фудбалерите на Болоња се радуваа на победа во осминафиналето на Копа Италија, совладувајќи ја Монца со 4-0 (2-0). Средбата на „Ренато Дал'Ара“ понуди по два гола во двете полувремиња, а домаќинот рутински си ја заврши задачата.
Второлигашот Сасуоло славеше на гостувањето на „Виа дел Маре“ кај Лече со 0-2 (0-1) и го исфрли од Копа Италија. Уште во второто коло (шеснаестинафинале) прволигашот беше елиминиран и го заврши настапот во најмасовното италијанско натпреварување.