ВИДЕО: Гатузо во конфликт со Јеличиќ, жестока кавга пред ТВ-камерите во Ријека!

Тренерот на Александар Трајковски во Хајдук од Сплит, Џенаро Гатузо, се судри со фудбалскиот коментатор и новинар Јошко Јелачиќ по убедливиот пораз од Риека со 3-0. Во големото дерби од 26. коло на ХНЛ, тимот на Гатузо доживеа тежок пораз, губејќи ја лидерската позиција од Ријека и сега заостанува два бода.

Гатузо по натпреварот вербално го нападна еден од најпопуларните хрватски коментатори, Јошко Јеличиќ, бидејќи не му се допаѓаат неговите коментари. Италијанецот го впери прстот во лицето на Јошко и го нарече лош човек, личност без почит кон него поради тоа што го зборува. Јеличиќ одговори дека неговиот тим игра доста лошо и затоа неговите критики се поддржани, но Италијанецот реплицираше дела повеќе нема да дава изјави за истиот медиум доколку споменатиот новинар е во студио.

Хрватската јавност го осуди однесувањето на Италијанецот. Гатузо си дозволи премногу во оваа ситуација, особено со гестовите на кревање прст во близина на лицето на соговорникот.

Состави

Radomir Dalovic

3-5-2

    Џенаро Гатузо

    4-4-2