• Мартин Танасковски

Македонски клубови повторно се најдоа во фокусот на ФИФА. Светската централа забрани трансфери за два клуба од Првата лига кај мажите, но и еден клуб од женскиот мак-фудбал.
Шкупи и Воска Спорт повторно се на листата на ФИФА со забрани за регистрации на нови играчи. Забраните стартуваа од крајот на февруари и се во следните три преодни рока. Исто како и претходниот пат, голема е веројатноста да се работи за долгови кон странски играчи.
Изненадува што на листата за забрани е и македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција ЖФК Љуботен. Името на тетовскиот клуб има забрана за регистрација на нови играчи од 12 март, во следните три преодни рока.