• Саше Љолес

Даниел Карвахал конечно започна со полесни тренинзи после тешката повреда на лигаментите и долгата пауза од скоро девет месеци.
Овие вести се позитивни за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој изјави дека е среќен што Карвахал полека се враќа во тренажен процес. Самиот фудбалер рече дека е задоволен од рехабилитацијата и се надева на што поскоро враќање на терените.
„Се чувствувам препородено. Ми недостасуваа дури и овие лесни тренинзи. Ги минав сите потребни тестови и добив дозвола да тренирам.
Нема да брзам, ќе одам чекор по чекор и се надевам дека до крајот на сезоната ќе успеам да настапам барем на еден меч. Драго ми е што сум повторно со моите соиграчи“, изјави дефанзивецот на „кралевите“.
Карвахал беше една од главните алки во одбраната на Реал Мадрид. Член е на „кралскиот“ клуб уште од 2013 година.