ВИДЕО: Дембеле во 92. минута му донесе Суперкуп трофеј на ПСЖ

Екипата на Пари Сен Жермен е освојувач на Суперкупот на Франција кој оваа сезона се играше на стадионот „974“ во Доха.

Фаворитот на хартија долго се мачеше, но успеа да го скрши отпорот на Монако и во дуел во кој славеше со 1-0 дојде до посакуваното одличје. Мечот се одигра во специфична атмосфера, затоа што навивачите го бојкотираа настанот заради одлуката да се игра надвор од земјата.

  • Извештај од натпреварот:

Мечот имаше активен фудбал и доста шанси, но за голот за победа се чекаше до самиот крај, односно судиското надополнување. Херој на ПСЖ на овој натпревар беше Осман Дембеле, кој реализира во 92. минута по асистенција на Руиз и така донесе трофеј за „светците“.

За ПСЖ, ова беше рекордна 13-та титула на настанот, зад него е Лион со осум трофеи.