ВИДЕО: Деби гол на Тодороски, ТСЦ до триумф по шест порази

Екипата на ТСЦ Бачка Топола ја прекина кризата во српскиот шампионат и забележа победа во дуелот над Чукарички (2-1) кој се одигра во рамки на 25-тото коло на Суперлигата.

На овој дуел гол даде македонскиот интернационалец Андреј Тодороски кој го најави триумфот. Напаѓачот реализира во 25. минута во мрежата на Чукарички за 1-0 и го постигна првенецот во новата средина.

Во вториот дел, Мбунгу зголеми на 2-0 за ТСЦ, додека почесниот гол за гостите го даде Тедиќ од пенал во 61. минута. ТСЦ се наоѓа на деветотот место во српската Суперлига и до крајот ќе лови плеј-оф и разигрување за еврокуповите.