Екипите на Адана Дамирспор и Осијек одново одиграа возбудлив натпревар во квалификациите за Конференциската лига. По победата на турскиот тим од 5-1 во првиот натпревар, вечерва Осијек славеше победа од 3-2, но оваа победа беше недоволна за пласман во плеј-офот. Македонскиот дефанзивец Јован Манев не доби шанса за настап на овој натпревар.