По Вијали и Ди Матео, уште еден Итлаијанец му донесе европски трофеј на лондонски Челзи. „Сините“ синоќа со 4-1 го совладаат големиот ривал Арсенал во финалето на Лига Европа, а за многумина најголемата заслуга за тоа има менџерот Маурицио Сари.
Оливие Жиру е еден од ретките фудбалери кои го носеле дресовите на Арсенал и Челзи, а синоќа играше финале на Лига Европа. Францускиот голгетер ја доби довербата на Сари и на најдобар можен начин ја искористи. Токму неговиот погодок во мрежата на Арсенал го промени текот на натпреварот и им даде дополинителен мотив на соиграчите да го растурат големиот ривал.
Беше еден од најдобрите англиски фудбалери во својата генерација, а сега е еден од најоригиналните критичари на социјалните мрежи. Англиската легенда Гери Линекер како да не можеше да заспие, а да не испрати и свој коментар за вчерашниот дуел меѓу Арсенал и Челзи.
Европското проклетство на Арсенал сè уште трае. Лондонскиот гигант повторно е поразен во еден финален натпревар на УЕФА, овој пат на патот до трофејот во Лига Европа му застана градскиот ривал Челзи кој заслужено славеше со убедливи 4-1.
Еден од најдобрите голмани во последната деценија, чешкиот чувар на мрежата Петр Чех вечерва ја заврши професионалната кариера. Иако предвидуваше и се надеваше на среќен крај, сепак 37-годишниот голман прими четири гола и загуби со својот Арсенал од Челзи со 4-1 во Баку.
Челзи секогаш бил клуб тесно поврзан со италијански тренери, а три европски титули кои ги освоија „сините“ се титули со италијански стручњак на клупата. Џанлука Вијали во 1998 година ги предводеше фудбалерите на Челзи до трофејот од Купот на Куповите, откако во финалето го совлада Штутгарт на Митко Стојковски со 1-0 со голот на Ѕола.
Шпанскиот интернационалец Педро Родригез е единствениот фудбалер во историјата на фудбалот кој постигнал гол во трите различни европски финалиња на кои што настапил. Имено, фудбалерот од Канарските острови вечерва со Челзи го освои трофејот во Лига Европа во Баку, а беше автор на вториот гол во победата над Арсенал со 4-1.
Челзи дојде до трофеј во Лигата на Европа, а триумфот е значаен и за младиот хрватски фудбалер Матео Ковачиќ, кој дојде до големо достигнување во ерата на модерниот фудбал.
Тренерот Маурисио Сари беше во фокусот на вниманието на јавноста, затоа што вчера го напушти тренингот лут, а денес, го освои трофејот во Лига Европа и го надигра Арсенал.
Еден Азар беше играч на финалето, затоа што во дресот на Челзи со два гола и една асистенција го донесе трофејот во Лига Европа (4-1). По дуелот, тој потврди дека за него ова е последен меч во дресот на „сините“ и дека е дојдено време за нов предизвик.
На трибините на стадионот во Баку, на финалето во Лига Европа, имаше многу еминентни личности, а меѓу нив беше и сопственикот на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович.
Екипата на Челзи донесе нов пехар во своите витрини и во финалето на Лигата на Европа против лондонскиот ривал Арсенал славеше со убедливи 4-1 (0-0), во еден меч во супер-возбудливо второ полувреме.
Маурицио Сари и Унаи Емери, тренерите на Челзи и Арсенал, ги одредија старните состави за финалниот натпревар од Лигата на Европа кој се игра во Баку, Азербејџан.
„Сините“ и „топџиите“ ќе се борат за трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Целата сезона е сведена на само еден натпревар, а тој натпревар е вечерашниот во финалето на Лига Европа во Баку.
Вчерашниот инцидент меѓу ѕвездите на Челзи, Давид Луиз и Гонзало Игуаин беше веста која веднаш се рашири ширум фудбалскиот свет. Бразилецот и Аргентинецот влегоа во жестока во расправија по еден физички контакт, а наводно тоа било причината за беснеењето на менаџерот Маурицио Сари.
Екипата на Челзи скоро сигурно во идната сезона нема да може да смета на својата прва ѕвезда во тимот. Еден Азар, кој цели седум години ја градеше својата кариера во лондонскиот гигант, е пред заминување од „Стемфорд Бриџ“.
На последниот тренинг на Челзи пред Лига Европа се случи инцидент, кој медиумите од Островот го објавија и за кој се вели дека сигурно ќе ја наруши атмосферата пред клучниот натпревар против Арсенал во Европа.
Азербејџан и Ерменија подолго време се во воен конфликт, а поради актуелната ситуација во финалето на Лига Европа во Баку нема да игра ерменскиот репрезентативец Хенрик Михтарјан.
Македонскиот репрезентативец Дејан Илиев ќе биде дел од тимот на Арсенал, во финалето на Лигата на Европа кое ќе се игра во Баку, а каде за ривал ќе го има премиерлигашот Челзи.
Искусниот напаѓач на Челзи, Педро, јавно го искажа своето незадоволство што неговиот тим и Арсенал ќе имаат многу мала поддршка од навивачите во финалето на Лигата на Европа.
На eдна недела до финалето на Лигата на Европа меѓу Арсенал и Челси, организаторот се соочува со голем проблем и можни многу празни места на стадионот во Баку. УЕФА одлучи на финалистите да им додели само по 6.000 билети, а остатокот го подели на своите спонзори.
За првпат во историјата на Лигата на Европа финалето ќе го сочинуваат две англиски екипи. Лондонските гиганти Челзи и Арсенал во Баку ќе се борат за својот прв овосезонски триумф, а УЕФА одлучи ова финале да биде посебно.
УЕФА го одреди италијанскиот судија Џанлука Роки да ја дели правдата во англискиот дуел за титула во Лига Европа меѓу Арсенал и Челзи. Искусниот судија веќе судеше финале на Лигата на шампионите, а сега ќе означи почеток на натпреварот од второто по квалитет натпреварување на УЕФА.