Попладнево се играат натпреварите од првото коло од Втората фудбалска лига на Македонија, а еден од долго очекуваните дуели е натпреварот Победа – Тетекс. Интересен дуел, имајќи ја предвид долгодецениската традиција на ривалство меѓу двата тима.
Последниот настап на Јорданчо Наумоски во дресот на Победа датира од 30 април 2022 година и натпреварот против Беласица, во 25. коло на Втората лига - Исток. Оттогаш мораше да мирува поради сериозната повреда на ногата.
Завршува одморот за фудбалерите на Победа, најсериозниот кандидат за промоција во ПМФЛ од источната второлигашка група. Есенскиот првак утре во 13:00 часот ја закажа прозивката со која ќе биде означен стартот на подготовките за продолжението на второлигашкиот шампионат.