• Зоран Мишевски

Светското ватерполо останува без еден од најдобрите на сите времиња. Познатиот српски ватерполист Филип Филиповиќ изјави дека оваа сезона дефинитивно ќе стави точка на професионалната кариера.
Трофејниот ватерполист пред две години во мај изјави дека сезоната 2022/23 ќе биде последна во неговата кариера. Сепак, по една година помината во грчки Олимпијакос, со кого не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите по елиминацијата во четвртфиналето, реши да го одложи крајот. Сезонава настапува за Нови Београд, клуб кој ќе биде последен во неговата исклучителна кариера.
Покрај името на Филип Филиповиќ запишано е дека тој е најтрофејниот српски ватерполист со дури 35 освоени медали на најголемите натпреварувања, од кои 26 се златни.
Трипати беше прогласуван за најдобар ватерполист во светот, има и пет награди како најдобар во Европа, додека двапати беше спортист на годината во изборот на Олимпискиот комитет на Србија.
Во кариерата одигра вкупно 381 натпревар и постигна 677 голови.