• Горан Упале

Ига Швјонтек, најуспешната тенисерка во историјата на турнирот во Доха, е сè поблиску до нов успех. Тенисерката од Полска се пласираше во четвртфиналето совладувајќи ја Носкова од Чешка со 6-7/1, 6-4, 6-4. Ига има три последователни титули во ова натпреварување и сега ја делат само уште три победи од четврта.
Но, во четвртфиналето ја чека финале пред финалето бидејќи противничка ѝ е Јелена Рибакина. Ова ќе биде нивни осми дуел, и досега двете тенисерки имаат по четири победи.
Во сличен стил продолжи и Екатерина Александрова, брилијантната Русинка која вчера ја елиминира Арина Сабаленка, најдобрата во светот. Денес совладана беше Белгијката Мертенс со 6-4, 6-2.
Јелена Остапенко, шампионката на Ролан Гарос од 2017 година, неочекувано лесно ја совлада Јасмин Паолини, четвртопласираната тенисерка во светот и финалистка од Париз и Лондон минатата година.