• Иван Димовски
Најдобрата француска тенисерка Каролин Гарсија нагласи дека ѝ е потребна пауза и повеќе годинава нема да настапува на турнири.
Французинката ќе направи пауза од неколку седмици, можеби и месец, а потоа ќе започне подготовки за почетокот на 2025 година. Гарсија откри дека сака да паузира малку од тенисот, за да може да биде во подобра форма следната година.
„Тоа не е лесна одлука, бидејќи во тенисот секоја седмица отсуство е како да заостанувате. Губите бодови на ранг-листата и пропуштате шанси. Знам дека е добра одлука да се вратам посилна во 2025 и повторно да се борам за големи резултати“, изјави Гарсија.
30-годишната тенисерка во моментов е на 36. позиција на ВТА рангирањето. Најдобриот пласман на Гарсија во кариерата е четврто место на ранкингот, а на големите турнири има едно полуфинале. Во ВТА кариерата Французинката има вкупно 11 трофеи.