На повидок нов проблем, Ѓоковиќ се повреди на тренинг и нема да игра вечерва?

Новак Ѓоковиќ успешно го стартуваше Мастерсот во Мајами, каде се пласира во второто коло со победата во два сета над Хиџиката.

Негов следен ривал е уругвајскиот тенисер Камило Хуго Карабели, кој е на 65. место во светот, а тој дуел треба да започне вечерва во 20:00 часот по средноевропско време.

Сепак, тренингот на Новак во пресрет на вечерашниот натпревар предизвика загриженост кај неговите многубројни фанови. Медиумите од Србија пишуваат дека Ѓоковиќ предвреме го заврши својот тренинг, откако почувствувал проблеми со рамото. Физиотерапевтот се обидел да му помогне со масажа, но Ноле не сакал да ризикува, па решил да го заврши тренингот.

Засега нема конкретни информации за сериозноста на овој проблем, но секако постои неизвесност дали Новак Ѓоковиќ вечерва ќе биде подготвен да излезе на теренот во Мајами.