• Саше Љолес
Американката Коко Гоф се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос, откако славеше со 2-0 над 32. тенисерка во светот, Дајана Јастремска, по сетови 6-2 и 6-4.
Коф во моментов е на третото место на ВТА листата и комплетно ја оправда фаворитската улога за само еден час и 36 минути активна игра. Дури петпати ѝ го одзеде сервисот на противничката, со што заслужено прогресира меѓу шеснаесетте најдобри во Париз.
Во осминафиналето Гоф ќе се сретне со Италијанката Елизабета Кочјарето, која славеше над Људмила Самсонова од Русија со 2-0 (7-6 и 6-2)
Убавата авантура на Ролан Гарос ја продолжува и српската тенисерка, Олга Даниловиќ, која славеше во „соседското дерби“ против Хрватката Дона Векиќ со 2-1, по сетови 0-6, 7-5 и 7-6/8.
Иако беше потполно „размонтирана“ во првиот сет, Даниловиќ во продолжение прикажа извонреден тенис и успеа да ја елиминира Векиќ, која е дури 85 места подоброрангирана од Србинката.
Во следната фаза Даниловиќ ќе има искучително тешка задача против Чехињата Маркета Вондроушова, која во моментов е петта светска тенисерка.