• Иван Димовски
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ќе се одржи на првото место на АТП ранг-листата и покрај суспензијата и неиграњето од неколку месеци. Поради позитивен допинг тест првиот светски рекет мораше „на ладење“, ама имаше среќа и доби најблага казна.
Во понеденикот тој ја започна 45. седмица на првото место на рангирањето. На само 23 години тој веќе наредната седмица ќе се израмни со Рафаел Надал по бројот на недели на чело на АТП караванот во својата прва етапа на тоа место.
Засега освен Надал подолг прв пласман на водечкото АТП место имале уште Новак Ѓоковиќ (53 седмици) кој е лесно достижен, Лејтон Хјуит (75 седмици) и апсолутниот рекордер Роџер Федерер (237 седмици).