• Горан Упале

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето од Мастерсот во Мајами, но неговата расправија со главниот судија на мечот стана вирална на социјалните мрежи.
Ирскиот судија Фергус Марфи го налути Ноле во третиот гем од првиот сет од осминафиналето. Марфи уште на почетокот на мечот го предупреди Ѓоковиќ за пречекорување на времето помеѓу поените, на што Ѓоковиќ почна да се жали.
„Што се обидувате да постигнете? Ова не е ваш прв меч, нели?“ го праша Ѓоковиќ.
Марфи остана воздржан, повикувајќи се на правилата.
„Сè што можам да кажам е да продолжиме да го гледаме часовникот. Ова го правиме една година“, рече Марфи.
Инаку, Ѓоковиќ извојува победа над Лоренцо Мусети со 6-2, 6-2 и во четвртфиналето ќе игра против Себастијан Корда.