• Сашо Поповски
Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 3-1 (3-6, 6-2, 6-1, 6-4) го совлада Николас Џари од Чиле во првиот настап на Грен слем турнирот во Париз. Сепак, со играта и континуитетот високиот сервер не одушеви.
Иако го загуби првиот сет, деветтиот светски рекет ги доби наредните три и без големи проблеми се пласира во следната фаза.
Со драма во пет сета. Ролан Гарос го започна и Александер Зверев. Тој беше подобар од Џон Милман од Австралија (7-6/3, 6-3, 2-6, 6-7/5, 6-3 ). Мечот траеше скоро четири часа што сигурно не му се допадна на тренерот на германскиот интернационалец, која важи за фаворит од сенка.
Кајл Едмунд го доби маратонот со Жереми Шарди кој започна вчера и се израдува на победа од 3-2 (7-6/1, 5-7, 6-4, 4-6, 7-5). Британецот ги доби двата гема кои се одиграа денес за да обезбеди второ коло.