Алкараз победи во шпанското дерби и ќе игра за трофејот во Монте Карло

Шпанецот Карлос Алакараз се пласираше во големото финале на АТП турнирот во Монте Карло, откако славеше над својот сонародник Алехандро Давидович-Фокина со 2-0, по сетови 7-6/2 и 6-4. 

Мечот траеше два часа и девет минути, а триумфот замина кај Алкараз, кој покажа дека е поквалитетен ривал и заслужено се најде во мечот за трофејот, каде ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале меѓу Лоренцо Мусети и Алекс Де Минер

Третиот светски тенисер делува дека е во одлична форма во Монте Карло и сигурно ќе ја има фаворитската улога во финалето.