• Зоран Мишевски
Изминатата недела беше триумфална за македонските скијачи, кои со фантастични настапи и борбен дух се издвоија на меѓународните ФИС натпревари во Црна Гора, Бугарија и Австрија. Со врвни резултати, техника и посветеност, тие уште еднаш покажаа дека Македонија има силен потенцијал во зимските спортови.
Виктор Петков од Колашин се врати со низа одлични настапи, освојувајќи врвни пласмани на државното првенство и ФИС натпреварите.
12 март – четврто место (96.62 ФИС точки, слалом – државно првенство)
12 март – трето место (77.08 ФИС точки, слалом – FIS натпревар)
13 март – трето место (78.39 ФИС точки, слалом – државно првенство)
13 март – второ место (85.06 ФИС точки, слалом – FIS натпревар)
14 март – прво место (79.14 ФИС точки, велеслалом – државно првенство)
15 март – прво место (85.48 ФИС точки, велеслалом – државно јуниорско првенство)
Во дисциплината слалом, Мирко Лазарески се закити со второ место и 50.97 ФИС точки во Боровец, додека Виктор Петков заврши на четвртата позиција со 67.53 ФИС точки, со што го потврдија својот квалитет на снежните патеки.
Јана Атанасовска оствари одличен настап во австрискиот скијачки центар Глунгезер, завршувајќи на 12. место во слалом со 30.56 ФИС точки, покажувајќи техничка стабилност и борбеност на комплексната патека.
Атанасовска продолжи со одлични резултати, освојувајќи трето место во слаломот во Веинебене, со 30.77 ФИС точки, докажувајќи дека е во одлична натпреварувачка форма.
Најголемиот триумф пристигна само ден подоцна, кога Јана доминираше и го освои првото место со 25.02 ФИС точки, оставајќи ја конкуренцијата зад себе и заокружувајќи ја неделата со фантастичен успех.