Радивојевиќ: Се надеваме на подобра сезона и бодови во ЛШ

Српското репрезентативно крило, Богдан Радивојевиќ во пресрет на првиот натпревар на Еурофарм Пелистер во новата сезона во Лигата на шампионите, изјави дека во Париз не патуваат за однапред да загубат и дека ќе се борат против моќниот тим на ПСЖ. 

„Се радуваме што повторно ќе играме со најдобрите екипи во светот и се надеваме на подобра сезона од претходната. Се надеваме и на некои бодови, посебно на домашен терен. Сите знаат каква екипа е ПСЖ. Сепак, не патуваме однапред да загубиме, ќе излеземе да се бориме, па што Господ ќе ни донесе. Од првата до последната минута мора да играме максимално. 

Минатата сезона на доста натпревари игравме добро, до крајот се броевме, но тоа не го наградивме со ниту еден бод. Искрено се надевам на поинаков биланс оваа година. Што се однесува до мене, може да играме и полошо, но да се наградиме со некои бодови. Спремаме, квалитетно и силно тренираме и верувам во успешна сезона“, заврши Радивојевиќ.

Во групата со Еурофарм Пелистер и ПСЖ се наоѓаат уште Спортинг Лисабон, Фредериција, Висла Плок, Веспрем, Динамо Букурешт и Фуксе Берлин.