Ракометарките на Митјиланд во победничката атмосфера ќе допатуваат во Скопје на реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите. Данскиот шампион триумфираше на гостувањето кај Силкеборг Воел со 21-26 во четвртото коло од разигрувањето за титулата во данскиот шампионат.
Митјиланд загуби од ЖРК Вардар на првиот дуел во четвртфиналето со еден погодок разлика, 23-24, а данските ракометарки во сите досегашни натпревари во Скопје си заминувале со пораз и со наведнати глави.
Дали во деветтиот меѓусебен натпревар, Митјиланд ќе може да ја забележи втората победа, ќе дознаеме в сабота во СЦ „Јане Сандански“ по завршувањето на дуелот, кој сеигра со почеток во 17.00 часот.