• Сашо Поповски
Француски „Л'Екип“ тврди дека Лук Стеинс ќе остане во редовите на Пари Сен Жермен до 2024 година.
Холанѓанецот во изминатиот период се поврзуваше со трансфер во Киелце. Блиски луѓе до средниот бек велат дека нема вистина во овие шпекулации. Францускиот медиум пренесува дека Сташ Скубе наредната сезона ќе ја игра во Монпелје. Поранешниот член на Вардар 1961 ќе си замине од Мешков Брест, кој доби санкции, поради воениот конфликт во Украина.
Словенецот наводно потпишал тригодишен договор со полскиот гигант уште пред неколку месеци.