Ларс Коиј по една сезона ќе го напушти Вардар, потпиша со бундеслигаш

По само една сезона во редовите на Вардар 1961, кружниот напаѓач Ларс Коиј заминува од клубот и се враќа во Германија каде што ќе игра во Бундеслигата.

Добрите настапи за Вардар и репрезентацијата на Холандија на изминатото Светско првенство му донесоа трансфер на Коиј кој потпиша со бундеслигашот Бергишер. Холанѓанецот од следната сезона ќе настапува за овој клуб, а се договори за двегодишна соработка до крајот на сезоната 2026/27. 

„Среќен сум што ќе бидам дел од семејството Бергишер од следната сезона. Одлуката за трансфер беше лесна, дискусиите одеа лесно од стартот и одлучив дека тоа е вистинскиот чекор за мене. Сега едвај чекам дополнително да се развивам и да славам успеси со клубот. Особено очекувам да ја почувствувам атмосферата“, изјави Коијс при потписот.

24-годишниот Холанѓанец во Вардар пристигна токму од Германија, но играше во нисколигашите Емсдетен и Хам-Вестфален, претходно играше за Тондер во Данска, а како 18-годишник од матичниот Алсмер пристигна во младинскиот тим на Фленсбург.