• Зоран Мишевски

Легендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов, како и цела нација, пулсира со ракометарите и со нетрпение го очекува мечот со Хрватска, кој следува вечерва во 20.30 часот во Краков. Во негов стил, како дел од богатото животно искуство, дел поврзано и со спортот, го цитираше легендарниот македонски голман, а подоцна и тренер, Благој Истатов.
Цел ден мислам на Хрватите. Односно, на нашите. Најпрецизно, цел ден мислам на нашите против Хрватите.
Како се игра против подобар од себе?
Како Давид го победува Голијат?
Како Обрван ќе го постави тимот?
Која ќе биде тактиката?И мислејќи така, ми текна на можеби најмотивирачката реченица која еден тренер може да им ја каже на своите играчи пред важниот меч. Јас сум ја слушнал во живо. Им ја изговори легендарниот фудбалски голман Благој Истатов на играчите на ФК Дојранско езеро пред мечот со Вардарски од Богданци, во соблекувалната:
“Ако не сакате да не ебат, најарно е ние да си ги ебеме...“
Оти, нема друго...
Цел ден мислам на Хрватите. Односно, на нашите. Најпрецизно, цел ден мислам на нашите против Хрватите.Како се игра прот...
Игор е идеалната личност која може да ве опушти во моментите на притисок, стегање палци и инфаркт-мечеви на нашата репрезентација.