Фернандез прави „дрим-тим“, Екс ен Прованс потпиша со Клер и Кавтичник

Ракометарот на Нант и репрезентативец на Франција, Николас Клер ја изненади француската јавност со трансфер во амбициозниот прволигаш Екс ен Провенс, каде што тренер е Џером Фернандез. Средниот бек е соиграч на нашиот Кире Лазаров во Нант, а на истек на договорот во тимот на Екс ќе пристигне на стартот на следната сезона.

Клер потпиша тригодишен договор и треба да го издигне нивото на овој амбициозен клуб, кој пред неколку дена го официјализираше трансферот на словенечкиoт десен бек Вид Кавтичник од Монпелје. 

Овој одличен ракометар собра 37 настапи за француската селекција, за која дебитираше против Македонија во 2015 година.

Целта на Екс е да излезе во европските натпреварувања, а со овие засилувања тоа не е неостварливо.