• Зоран Мишевски

Со шест постигнати гола и максимална реализација, Дејан Манасков е единствениот наш раометар кој нѐ одржува во натпреварот. Тој погоди трипати од игра и трипати од седум метри, за на одмор да одиме со -4, а изгледаше дури и многу полошо на теренот (13-17).
Очигледно голот за реми против Србија добро влијаеше на моралот на младата супер ѕвезда на Вардар и нашата репрезентација.
Потребен е барем уште некој во вториот дел за да сонуваме за пресврт.