• Иван Димовски

Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија на последниот состанок разговараше и донесе одлуки за неколку теми.
<<< - ПОВРЗАНО - РФМ одреди премии за сениорите и сениорките за пласман на СП и ЕП
Покрај тоа, потврдена беше и информацијата од Натпреварувачката комисија за организација на завршниот турнир во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција. Така, битката за трофејот ќе се одржи во Скопје, каде што во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одиграат натпреварите за трофеите кај мажите и дамите. Терминот за одржување на „фајнал-фор“ турнирите се од 17 до 19 мај. По долго време, битката за трофејот во Купот кај мажите ќе се одржи пак во „Борис Трајковски“. Што се однесува до женска конкуренција, пред неколку години турнирот се одржа во салата „Автокоманда“.
Во машка конкуренција изминатиот викенд се комплетираа четвртфиналните групи и на завршниот турнир се пласираа Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Тиквеш и Алкалоид. Од друга страна кај дамите по четвртфиналињата место во битката за трофејот обезбедија ЖРК Куманово, ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Чаир и ЖРК Вардар.