ФОТО: „Автокоманда“ пак е полна – репрезентативците се вратија во Алкалоид

За првпат во новата година, Алкалоид повторно е заедно на едно место. Засилен со репрезентативците кои се вратија на клупските обврски, тимот продолжи со подготовки за новите предизвици и го имаше првиот тренинг со целата екипа во 2025 година.

Тренерот Кирил Лазаров ги имаше сите ракометари на број, меѓу нив е и првото ново име во тимот, Мартин Ивановски (23), кој пристигна од Еурофарм Пелистер 2. Тимот ќе ја темпира формата во „Автокоманда“ за продолжението на Суперлигата.

Покрај настапите на домашната сцена, Алкалоид го очекуваат и натпревари во ЕХФ Купот каде тимот е пласиран во осминафиналето и ќе игра двомеч за следна фаза со италијанскиот клуб Бриксен.