Алкалоид дојде во Сандефјорд во напад на европска историја

Екипата на Алкалоид пристигна во Сандефјорд, Норвешка, каде ќе го игра реванш мечот од полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ против Рунар.

Нашиот претставник има пет гола позитива од дуелот во Скопје и игра за европска историја. Лазаров на располагање ги имаше сите ракометари од претходната средба, кои тренираа и работеа во салата на Рунар.

Натпреварот меѓу Рунар и Алкалоид се игра во недела од 17:00 часот. Тимот од Автокоманда игра да стане петтиот македонски тим во едно европско финале, по Вардар и Пелистер кај мажите, како и Кометал ЃП и Вардар кај дамите.