• Зоран Мишевски
Ноќва во Сан Франциско ќе се одигра јубилејното 50. финале од разигрувањето за трофејот во НФЛ лигата помеѓу Денвер Бронкос и Каролина Пантерс.
Каролина, која сезонава имаат 15 победи и само еден пораз, а во големото финале се наоѓа по пауза од точно 15 години e фаворит во овој Супербоул. Денвер се враќа по 17 години, кога ја совлада Атланта во 1999 година и по вторпат се радуваше на трофејот.
Пејтон Менинг, за кој се верува дека ова ќе му биде последниот настап во професионалната кариера е адутот на Денвер, заради формата во сезоната. Кем Њутон, кому му предвидуваат блескава иднина и веќе е МВП на сезоната, е одговорот на НФЛ тимот од Каролина.
Овој Супербоул ќе го одбележат и многубројните спектакуларни точки на познати холивудски ѕвезди пред мечот и на полувремето. Химната на САД ќе ја интонира Лејди Гага, а преносот ширум целиот свет ќе собори рекорди на гледаност. Исто така, се претпоставува дека ќе се „тресат“ и социјалните мрежи.