Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, е избран за член на највисокото тело, Управниот одбор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) на денешното Генерално изборно собрание во италијанскиот град Неапол. Ова големо признание за Македонија, нашата одбојка и првиот човек на Одбојкарската федерација, дојде во време на избор на нов претседател на Европската конфедерација во името на Хрватот Роко Сикириќ.