• Горан Упале

Женската одбојкарска селекција на Соединетите Американски Држави е третиот патник во полуфиналето на Летните олимписки игри. Во претпоследното четвртфинале Американките демонстрираа моќ во пресметката со Полска и со убедливата победа од 3-0 (25-22. 25-14, 25-20) во сетови обезбедија пласман меѓу четирите најдобри во одбојкарскиот турнир.
Американките, кои со пораз од Кина во првото коло од групите го отворија турнирот, денес не дозволија нов кикс. Уште од самиот почеток бранителот на титулата, освоена од пред три години, наметна свој стил на игра и првиот сет го затвори со 22 загубени поени. Но, веќе во вториот следуваше доминација на Американките и само 14 поени на Полска, додека во последниот сет европската селекција одново застана на 20 поени.
Предводник на победата беше Друвс со 13 поени, а одлични беа и Скинер и Пламер со по 12 поени.
Во полуфиналето Соединетите Американски Држави ќе играат против Бразил. Турција во второто полуфинале го чека победникот од последното четвртфинале меѓу Италија и Србија.