• Горан Упале
Македонските одбојкари до 20 години загубија од Србија со 3-0 (27-25, 25-17, 25-16) во второто коло на Балканското првенство во Врњачка Бања.
За нашата селекција најдобар поединец беше Ефремов со 13 поени, Глигоров освои 8, Станков 6, Милев 4, Ристовски 3, Грковски 2, а Миневски 1 поен.
Македонскиот национален состав ја заврши групната фаза со два пораза, покрај овој од домаќинот, загуби од Грците, па ќе игра за пласман од 4. до 7. место во конечното рангирање.