• Зоран Мишевски

Во последниот натпревар од првото коло на новото одбојкарско првенство на Македонија, ГОК Борец на домашен терен ја совлада екипата на Весна Пробиштип со 3-1 во сетови, и со тоа ги потврди високите аспирациите во новата сезона.
На останатите натпревари Шкендија и Јанта волеј очекувано славеа над Дибра волеј и над Македонија Џио без да загубат сет, а Лирија со пресврт го изненади Вардар, кој не ја искористи предноста на својот терен за да го потврди фаворитскиот статус базиран на богатото клупско реноме.
Универзитет во Тетово, кој во оваа сезона влезе со вицешампионки предзнак, немаше проблеми со Штип УГД, a бранителот на тронот, тимот на Струмица 47 & 72 беше слободен во првото коло.
Прво коло:
Универзитет во Тетово – Штип УГД 3-0 (25-8, 25-16, 25-21)
Вардар – Лирија 1-3 (25-21, 18-25, 18-25, 17-25)
Шкендија – Дибра волеј 3-0 (25-9, 25-15, 25-13)
Јанта волеј – Македонија Џио 3-0 (25-13, 25-10, 25-17)
ГОК Борец – Весна Пробиштип 3-1 (25-23, 25-21, 22-25, 25-19)
Слободна: Струмица 47 & 72