• Иван Димовски

Одбојкарките на Соединетите Американски Држави ќе го бранат златото на Олимписките игри во Париз, откако со 2-3 по голема драма и борба ја победија селекцијата на Бразил.
На самиот старт одбојкарките на Соединетите Американски Држави тргнаа одлично и поведоа со 0-5, а таа предност ја одржуваа д 3-8. Тогаш следеше бразилскиот кам-бек и сетот беше целосно израмнет понатаму. Во финишот со 23-25 американските одбојкарки успеаја да поведат. Вториот сет им припадна на Бразилките кои воспоставија контрола од стартот, на момент имаа и највисоки осум разлика, па со 25-18 израмнија.
Ситуацијата дијаметрално се промени во третиот сет, Американките преку Брукс и Палмер се наметнаа и успеа да го добие најубедливо со 15-25. Драмата продолжи, во четвртиот Американките водеа на стартот, а потоа Бразил беше подобар и заслужено израмни со 25-23.
Решавачкиот сет тргна со бразилско водство од 5-3, а тогаш ривалките направија мини-серија од 1-4. Одбојкарките од Соединетите Американски Држави го презедоа приматот и поведоа убедливо со 8-12. Иако на тоа Бразилките одговорија со два поени во низа, Американките со добар финиш ја добија драмата.
Кетрин Палмер се истакна со 24 поени, а Ејвери Скинер заврши со 19 поени. Двоцифрен број на поени имаше и Андреа Друс (18 поени). Американките ја сопреа серијата на разиграната Ана Кристина, која беше запрена на 23 поени. Габи имаше 16 поени, а Розамарија 14 поени.
Во финалето победничките ќе го бранат медалот, а ќе се судрат со подобриот од дуелот на Турција и Италија.