Работнички со мудар финиш не му дозволи „брејк“ на Пелистер

Екипите на Работнички и Пелистер го отворија плеј-офот на домашната сцена, а првиот меч во серијата до три победи на кој домаќини беа центарци заврши со триумф на избраниците на Горан Самарџиев со 67-62, за 1-0 во четвртфиналната серија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Пелистер:

Дуелот меѓу двата ривали беше израмнет и уште еднаш се потврди дека плеј-офот ќе биде супер интересен. Работнички и Пелистер константно се надигруваа во салата во Кисела Вода, а мечот беше константно предавање на водството, со исклучок на еден блесок на Работнички кога центарци во третиот квартал заминаа на највисоки плус седум, 50-43.

Сепак, Пелистер го имаше расположениот Антоан, кој со шест врзани поени донесе 52-49 и возбудлив финиш. Резултатот во четвртата четвртина цело време беше егал и израмнет, во последните 150 секунди се влезе со 59-59, а по една тројка на Ѓуроски за 63-62, Пелистер промаши напад, па од центарска позиција погоди Роче за 65-62 на 28 секунди до крај.

Следеше тајм-аут на Трајковиќ, но Пелистер повторно погреши, па Андреј Шошкиќ откако му украде топка на Гамбрел, со атрактивно забивање го реши мечот во салата во Кисела Вода.

Kaj Работнички одличен натпревар одиграа Хулијан Роше со 17 поени и 10 скока. Шошкиќ со 15 и Ефремовски со 14 поени. Во Пелистер најефикасен беше Мишковиќ со 23 поени, Брајан Антоан постигна 15, а Гамбрел 12 поени.