Отказ за Сито Алонсо, Римац е нов тренер на Цедевита

Шпанскиот тренер Сито Алонсо остана без работа, откако синоќа ја прекина соработката со првакот на Хрватска, Цедевита од Загреб. Челниците на клубот му врачија отказ, откако во првите осум сезонски натпревари забележа три победи и пет порази.

Заедно со тренерот, отказ заработи и генералниот менаџер Матеј Мамиќ. Вељко Мршиќ експресно е именуван за нов менаџер, а на тренерската позиција ќе седне Славен Римац кој работеше со младинскиот погон на екипата.

Сито Алонсо во првиот дел од минатата сезона заработи отказ од тренерското место во Барселона.