• Горан Упале

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, има необична и уникатна кариера во НБА лигата. Тоа го потврдува и фактот кој што се појави последните денови.
Неговите Нагетси се во опасност да бидат елиминирани од плеј-офот доколку на преостанатите два натпревари загубат од Мемфис или Хјустон. Денвер минува низ турболентен период, а сметката ја платија тренерот Мајк Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут,, кои добија откази.
Додека се случуваше сето ова, се појави една многу интересна информација во врска со Никола Јокиќ. Тој одигра 823 натпревари во НБА лигата, вклучувајќи го и плеј-офот, и никогаш не играше со Ол-стар соиграч, соиграч кој бил член на една од трите идеални петорки или една од трите одбранбени петорки.
In his 10 NBA seasons, Nikola Jokić has NEVER had a teammate that’s made ANY All-NBA, All-Star or All-Defense teams
That’s the longest streak of ALL-TIME for any MVP winner pic.twitter.com/OoV9073g2i
— Basketball Forever (@bballforever_) April 10, 2025
Тој е единствениот играч во историјата на НБА кој одиграл најмалку 700 натпревари во оваа ситуација. Јокиќ на „вечната листа“ на овој неславен „рекорд“ го надмина Елтон Бренд, кој без елитен соиграч одигра 672 натпревари за Лос Анџелес Клиперс.
Дури во 2009 година Бренд играше со Ален Ајверсон, кој беше Ол-стар играч во сезоната 2009/10 за последен пат во кариерата.