• Иван Димовски
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс стигнаа до победа над Мајами Хит (121-112) удвојувајќи ја предноста во осминафиналната НБА серија. Немаа сили гостите од Флорида да направат брејк и на свој терен се селат со два порази негатива. Најефикасен играч на средбата беше Тајлер Хиро кој уфрли 33 поени за својот тим. Во Кливленд најзапазен настап имаше Донован Мичел со 30, а му помогна и Дариус Гарланд со 21 поен.
- Кливленд Кавалирс - Мајами Хит:
Бостон Селтикси и вторпат го одбранија домашниот паркет и повторно го победија тимот на Орландо Меџик (109-100). Џејлен Браун беше енигма за гостинската одбрана, го заврши мечот со 36 поени и 10 скока. Во Орландо солидни беа Банчеро со 32 и Вагнер со 25 поени.
- Бостон Селтикс - Орландо Меџик:
Хјустон Рокетс стигна до израмнување во серијата против Голден Стејт Вориорс, откако победи со 109-94. Џејлен Грин инспирираше победа, го заврши мечот со 38 поени на своето конто. Во таборот на Вориорси најдобар беше Стеф Кари со 20 поени.
- Хјустон Рокетс - Голден Стејт Вориорс:
Плеј-оф возбудувањата продолжуваат ноќва со уште три натпревари.